Кери Брукингс, мајка на 4 деца одлучила да го промени својот и животот на нејзините деца откако го напуштила сопругот кој ги злоставувал.
Новиот живот, значел и нов дом но тие немале доволно пари за да купат и нова куќа.
Она што одлучила да го направи мајката, е да успее да обезбеди нормален живот за себе и за своите деца искористувајќи ги средствата кои ги имаат, нивната креативност но и видеа на Јутуб.
Кери на Јутуб побарала видеа во кои било опишано како да се изгради куќа без при тоа да се ангажира градежна фирма, а бидејќи на Јутуб може да се најде буквално се, таа успеала во потрагата.
Но и во мисијата. Успеала да изгради дом за себе и за своите 4 деца.
Ова е нејзината инспиративна приказна: