Седумгодишната Валерија од Штип мина низ успешна операција на тумор на мозокот во Истанбул, благодарение на хуманите луѓе кои за кратко време ги собраа потребните средства за лекувањето во странство.
Краток период по хируршкиот зафат, слатката Валерија со широка насмевка им упати порака на цела Македонија во знак на благодарност за хуманоста.
„Чао штипјани, чао Македонијо. Многу ве сакам, сè е добро тука, шетам. Многу ве сакам, поздрав, чао“ – вели таа во видео објавено од нејзиниот татко, Зафир Зафировски.
„Валерија упатува голем поздрав од срце за сите вие кои што бевте несебично хумани“ – напиша тој во описот.
Зафировски сподели и фотографии од Валерија и нејзината мајка пред слаткото девојче да замине во операциска сала.