Мик Џегер ненадејно вчера издаде нов сингл, со наслов Eazy Sleazy, кој го слави завршувањето на карантинот во Англија и ги исмева негативните последици од животот во домот за време на пандемијата.
Џегер, кој ја напишал песната пред неколку недели, се здружил виртуелно со гитаристот на Foo Fighters, Дејв Грол.
„Тоа е песна што ја напишав за излегување од заклучувањето, со многу потребен оптимизам“, рече 77-годишниот Џегер.
“Сè е во отфрлање на работите што ги спомнувам во стиховите. Се работи за преселување во, се надевам, во пооптимистичка состојба на умот”, додаде тој.