Видео: Мистериозен појас на зрачење jа обиколи земјата


Необичната појава, која ја прекина моќен меѓупланетарен ударен бран, бил забележан од две сонди близнаци кои се наречени Ван Ален А и Ван Ален Б. Оваа откритие покажува дека универзумот сеуште е голема непознаница за нас, па дури и деловите кои се наоѓаат воп непосредна близина на нашата планета.

misteriozenprstenЕдна од првите многу важни работи кои луѓето ги откриле кога започнале вселенските истражување во 1958 година, биле т.н Ван Аленови појаси на зрачење. Постојат два Ван Аленови појаси – надворешен и внатрешен. Надворешниот содржи високоенергетски електрони, а внатрешниот содржи протони и електрони. Освен тоа, и двата појаси содржат помало количество на алфа-честици. Големиот надворешен појас се протега од 13 000 км до 60000 км над земјината површина, а внатрешниот од 100 км до 10000 км. Слични појаси имаат и другите планети со силно магнетно поле.

Големото количество на зрачење кое го создаваат Ван Аленовите појаси, можат да бидат опасни за сателитите. Поради тоа НАСА во 2012 година лансирала два сателити кои со своите бројни сензори со фантастична осетливост и резолуција треба да ја анализираат плазмата, енергетските честици, магнетните полови и брановите на плазма од двата појаси.

Но сондите неочекувано на висина од 19100 км до 22300 км откриле постоење на трет појас кој е составен од супер-брзи енергетски електрони. Според достапноста на податоците овој појас се појавил на 2 септември, а исчезнал веќе на 1 октомври 2012 година.

Научниците сеуште незнаат зошто исчезнал, но претпоставуваат дека сончевото зрачење го отргнал дел од надворешниот појас.

Ова а појава била такво изненадување што безумно помислив дека инструментите на сондите не работат исправно. Но набрзо сватив дека се конструирани одлични сонди и дека со нив нема никаов проблем, што значи тоа што го видивме сигурно е вистина – изјавил раководителот на студијата Даниел Бакер од Универзитетот во Колорадо.

Со идните истражувања би требало да се утврди дали оваа појава е вообичаена последица на сончевите активности или некоја ретка аномалија.

Извор – Скопје инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1