Во тек на изведување на градежни работи заради изградба на топловод во улицата „Иво Андриќ“ во Нови Сад, е откриен тунел
Како што јави српското Радио 021, многумина во прв момент помислиле дека станува збор за легендарниот подземен премин што ги спојувал Петроварадинската тврдина со бачката страна на Нови Сад. Но, тамошните експерти тврделе дека тоа бил стар канализациски колектор изграден на половината на дваесеттиот век, пред да почнат да се вградуваат азбестно-бетонски цевки во канализацијата во Нови Сад.
Така, според радиото, паднала во вода теоријата дека конечно е откриен еден од бројните тунели кои од тврдината, под Дунав, воделе кон населбите во околината на Нови Сад, што било предмет на бројни урбани легенди.