Видео: Нејзината болест не и ја одзема насмевката


Адалија Роуз (7), е весело девојче кое има прогерија (нарушување на прерано стареење), неодамна на социјалните мрежи објави дека нејзината мајка ќе има уште едно бебе.

Во видеото, кое го поставила на Фејсбук, таа седи во скутот на мајка си и вели:

„Сите мои пријатели ме прашуваа дали мајка ќе роди друго бебе. И роди! Момче е, се вика Нико“, вели таа.adalija

 

Среќна дека има братче, Адалија својата објава ја завршила со испраќање бакнеж на публиката.

Таа стана популарна кога нејзината мајка минатата година, сподели видео во кое таа игра.

Нејзината состојба, значително го забрзува стареењето во однос на другите. Ова значи дека се очекува таа да живее многу кратко. Децата со прогерија живеат во просек 14 години.

Адалија се обидува што подобро да го искористи својот краток живот, без оглед на тоа колку време и останало.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1