Невремето кое ја зафати Хрватска ќе трае, според проценките на метеоролозите до утре до кога ќе биде на сила црвениот метеоаларм, а на граѓаните им е издадено предупредување да не излегуваат од дома ако не мораат.
„Ако не морате не излегувајте, а ако морате, имајте на ум дека времето е опасно по живот“, се наведува во предупредувањето кое го објави ХРТ.
Силниот ветер откронува дрва, а на приморјето поради силината на ветерот е запрена пловидбата кон островите.
Деловите од Далмација поради бура останале без електрична енергија.
Силното невремето направило големи проблеми во сообраќајот во поглем дел од земјата, каде силниот ветер носи се пред себе.
На делницата на Јадранската магистрала зажи забраната за сообраќај за автобуси на спрат, возила со камп приколки и мотоцикли.
Можни се одрнони, па возачите предупредуваат брзината на движење да се прилагоди според условите на патот.