Новинар на приштинската ТВ Клан денес бил избоден со нож во просториите на редакцијата.
И од телевизијта објавија дека нивниот новинар Миљот Хашимја бил нападнат со нож на работното место, откако напаѓачот упаднал во просториите на телевизијата.
Новинарот бил префрлен во болницата во Приштина и е надвор од животна опасност, а напаѓачот е уапсен од страна на полицијата.
Тамошните медиуми пишуваат дека новинарот бил нападнат поради одреден запис на Јутјуб, за кој претходно добил предупредување да го тргне од интернет каналот.