Видео: Новинар кој ја вратил вербата во човечноста


Новинарот Игор Пожгај од „Алтернативната ТВ“ во Бања Лука ги привлекол симпатиите на населението со својот несебичен гест: ги соблекол гумените чизми и му ги подарил на настраданиот граѓанин од поплавениот Добој.

6e6b736f77dd07b0a373e582bb4b1e3c_LОдејќи на терен во поплавениот Добој за да направи ТВ прилог за тамошната природна непогода, Игор Пожгај праша еден тамошен жител „Што му е најнеопходно?“. А, кога тој му одговори  „ … вакви чизми што носите Вие, гумени, баш би дошле добро, за да не одам со најлонски ќеси на нозете, три дена како сум во вода“.

Новинарот после ваквата изјава, ги соблече чизмите и му ги подари на анкетираниот граѓанин.

Неговата спонтаност додека на терен ги регистрираше животните премрежја на поплавените, заглавените во зградите, гладните, отсечените, без вода, со пропадната покуќнина, облека и најнеопходните потреби за живот ги трогна многу од гледачите на оваа временска катастрофа, а за загрозените беше знак на хуманост и сочувство.

Сигурно има и други несекојдневни случки низ загрозените подрачја, но ова остана регистрирано, а другите животни премрежја ќе останат да ги полнат медиумите уште со денови, додека траат поплавите во Босна, Србија, и дел од Хрватска, и додека народот се сеќава на сето тоа, невидено во изминатите 120 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1