Чешката полиција во соработка со припадниците на ФАСТ тимот за потрага во неколку земји, го уапси и 38-годишниот Чаба Дер кој е осомничен дека на 5. јануари оваа година на Баново брдо во Белград убил 37-годишен маж.
При апсењето се пронајдени фалсификувани документи, два пиштоли, муниција и пригушувач, но и многу средства за промена на изгледот, а полцијата од Чешка го објави и видеото од акцијата која ја нарекле „Killer“ (убиец).