Најмалку 20 лица се повредени откако авион на руската компанија „Аерофлот“ налета на „воздушен џеб“ над Тајланд.
Повредените имаат повеќекратни скршеници. Меѓу нив има руски државјани, но и странци, изјави шефот на конзуларното одделение на руската Амбасада на Тајланд Владимир Соснов.
Несреќата се случи на летот од Москва кон Банкок, а се претпоставува дека тие што се повредени, не ги користеле сигурносните појаси.
Повредените се префрлени во болница во Бангкок, а рускиот амбасадор на Тајланд Кирил Барски изјави дека десетина повредени се хоспитализирани, од кои, на две лица требало да се изврши оперативен зафат.