Оваа видео снимка објавена од македонски корисник на која се гледа како двегодишно дете охрабрено од возрасни пуши цигара, предизвика бурни реакции од страна на интернет корисниците.
Шокантната снимка од невиното дете кое е охрабрено да повлече дим од цигарата од луѓе кои се смеат во позадина предизвика бес кај јавноста.
Неколку пати збунетото дете се обидува да ја врати цигарата, но возрасните кои се во негова близина го поттикнуваат да вовлече дим додека цигарата гори меѓу неговите мали прстиња.
Момченцето дури во еден момент ја доближува цигарата до неговиот нос во што неговите крајно неодговорни старатели очигледно гледаат забава.
Се тврди дека видеото е од Русија, за каде се смета дека пушењето цигари меѓу децата е распространето.
Неодамнешните истражувања во земјата покажале дека 40 отсто од популацијата во Русија се редовни пушачи.