По убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, беше „неутрализиран“ и напаѓачот од страна на турските безбедносни сили.
Нападот со огнено оружје врз рускиот амбасадор се случил за време на отворање изложба на фотографии во Анкара, со наслов „Русија во очите на Турците“.
Уште три лица биле ранети во нападот врз рускиот амбасадор во Анкара.
Инаку, амбасадорот Андреј Ганадиевич Карлов бил назначен во 2013 година.
Моментот на убиството погледнете го во видеото.