На друштвените мрежи се појавила снимка на која наводно е прикажан моментот кога напаѓачот од Дејтон почнал да пука пред преполн бар.
Видеото е снимено од автомобил кој бил паркиран во близина на местото каде било пукањето.
На снимката се слушаат рафали и во еден момент може да се видат луѓе како бегаат.
#BREAKING: Video captures heavy gunfire from an active shooter situation at a crowded bar in Dayton, Ohio. Multiple fatalities and injuries reported. pic.twitter.com/WdgtTUfg3C
— UA News (@UrgentAlertNews) August 4, 2019
Да потсетиме рано утринава се слушнало пукање во градот Дејтон во Охајо.
Напаѓачот убил најмалку 9 лица, а ранил 16, пишув Би-Би-Си.
На лице место има голем број полицајци, како и Итна помош која ги згрижува повредените.