ВИДЕО: ОД ТУКА ПУТИН ГИ НАДГЛЕДУВА НАПАДИТЕ ВО СИРИЈА: Секој авион му е пред очи


Владимир Путин неодамна одржа воен брифинг за Сирија во новиот руски национален командниот центар, од кои дури и западните медиуми немаат ништо, освен пофалби …

Дури и секогаш негативно расположениот угледне американски “Вашингтон пост”, мораше да му признае на Кремљ дека Националниот команден центар„ на Русија навистина е вистинска ѕвезда.57113_putin11_f

– Самата зграда е дизјнирана да стане на централен нервен систем на руската армија – изјави Ендрју Рот, новинар на “Вашингтон пост” во Москва.

Тој додаде дека центарот ќе помогне да се координираат сите воени акции ширум целиот свет, вклучувајќи ги и лансирањето на балистички проектили и примената на нуклеарната стратегија. ”

“Вашингтон пост” го цитираше Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија, кој рече дека центарот е чекор кон “воспоставување на унифициран информативен простор за решавање на проблемите кои се однесуваат на националната одбрана.”

Центарот има аеродром за хеликоптери, каге можат да слетаат руските хеликоптери Ми-8 вели весникот. Исто така, весникот тврди дека самата зграда е дел од руската воена модернизација и дека тоа може да стане главен комуникациски центар на земјата во случај на војна.
“Вашингтон пост” особено се осврна на брифингот што, каде, како што рече, “воениот персонал седи во редовите на кои има означено одредени боиа, и до секое седиште имаше шише со вода на која пишува – Руската армија”.

Пишувањата на овој весниик беа потврдени од страна на новинари на Ал Џезира, кои биле брифирани за новиот руски команден центар за одбрана кој бил спореден како со филмот за Џејмс Бонд.

Откако го слушнаа извештајот на Сергеј Шоигу и Валериј Герасимов, претседателот Путин даде цел да се воспостави соработка со претставници од Француската морнарица со цел да работат на акциски план за борба против терористите во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1