ВИДЕО Oгромна дупка се отвори среде улица во Кина и проголта три лица


Огромна дупка се отвори на улица во ценарот на кинескиот град Џенгџоу и проголта неколку минувачи, при што едно лице и натаму се води како исчезнато.kina-dupka

Најмалку три лица паднале во дупката долга 30, широка 20 и длабока девет метри, која се отвори за време на поројните дождови што ја зафатија централна Кина.

Прелиминарната истрага покажа дека дупката настанала кога под притисок на големото количество на вода попуштиле цевките под асфалтот.

Спасувачите од дупката веднаш извлекле еден маж и една жена, но втората жена, која во моментот на инцидентот се возела на велосипед, не е пронајдена и сè уште води како исчезната.

Во дупката за време на потрагата по исчезнатата жена се пронајдени три велосипеди, чанти, чевли и делови од облека.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1