Археолозите откриле древен град што бил „проголтан“ од Средоземното Море и затрупан со тони кал, карпи и песок пред 1.200 години.
Оригинално наречен „Хераклеон“ од страна на Грците, а потоа преименуван во „Тонис“ од страна на Египќаните, постоењето на овој град по првпат е потврдено во 2000 година кога др. Франк Годио, подводен археолог, направил едно од најзначајните откритија на 21-от век.
Заедно со својот тим од Европскиот институт за подводна археологија, Годио го открил „изгубениот град“ во Александрија. Во последните 13 години истражувачите макотрпно го ископувале овој град. Како што се собирал материјалот на површина, тимот на Годио бил во состојба да направи виртуелен модел на градот – онака како што можел да изгледа пред илјада години.
Иако една голема мистерија е решена, постои уште еден голем знак прашалник кога е во прашање ова откритие. Многу малку експерти со целосна сигурност можат да кажат како овој град завршил на дното на морето. Што предизвикало негово потонување? Дали сам се урнал? Дали во прашање била природна катастрофа?
Теоријата на Годио е дека масивните камења кои се користени во изградбата многу лесно можеле да потонат во меката глина која ги држела темелите, а во случај на земјотрес, целиот град можел „да се лизне“ и да се изгуби во морските длабочини.