Видео: Откриено зошто жртвите на ИСИС се мирни пред егзекуција


Поранешен припадник на ИСИС, Салех тврди дека бил присутен кога Џихади Џон го убил јапонскиот заложник, новинарот Кенџи Гото.

Овој преведувач е единствениот сведок кој до сега признал дека во живо гледал брутално убиство. Според неговите зборови навистина зад маската на Џихади Џон се крие Мохамед Емвази, 26-годишник од Лондон, кој во ИСИС е задолжен исклучиво за егзекуција на заложници кои доаѓаат од Запад.

egzekucija isis

-Видов како го убива Гото. Потоа дојдоа три лица кои телото го пренесоа во автомобил, а тој замина по својот пат. Тој е шеф и не добива наредби, само им зборува на другите што да прават. Често повторуваше, побргу, побргу да завршиме со тоа – раскажува Салех.

Тој додава дека Џон има углед во групата, бидејќи ги убива заложниците од западните држави.

-Можеби затоа што ги убива со нож, тој е убиец кого сите го почитуваат. Сириските заробеници може да ги убие секој, но странците само Џон.

Салех тврди дека пред убиството, заложниците ги застрашувале со лажни егзекуции, поради што тие се мирни на снимките од убиствата.

-Им велат дека нема да има проблеми, да не се грижат дека нема да ги убијат, туку дека само сакаат, нивните влади да престанат да ја напаѓаат ИСИС- изјави Салех кој бил задолжен да ги убедува затворениците дека се ќе биде добро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1