Се појави рап-видео на кое се гледа Омар Исмаил Мостефаи, бомбашот-самоубиец што помогна да бидат убиени 89 луѓе во салата Батаклон во петокот вечерта.
Овој 29-годишник беше идентификуван според отпечатоците на неговите откинати прсти најдени кај концертната сала.
Мостефаи пораснал во јужното предградие на Париз Куркурон, со мајка-Португалка, која наводно се преобратила во муслиманка откако се омажила со неговиот татко-Алжирец.