Видео: Ова е моментот кога полицијата застрелува еден од терористите, тој сепак го активира експлозивот


На социјалните мрежи се споделува видео од  смртоносен самоубиствен терористички напад врз истанбулскиот аеродром, на кое се гледа како полицијата пука во еден од напаѓачите во обид да го спречи да го исполни мрачниот план, но иако повреден, терористот не се откажува од тоа со себе да однесе и други животи.

Според тоа што го јавуваат светските агенции, имало тројца напаѓачи. Првата експлозија одекнала во близина на паркингот, пред влезот во аеродромската зграда, во делот на пристигнувања на меѓународните летови. Втората експлозија, пак, во самиот терминал, во близина на рампата за рентгентска проверка на патниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1