МВР ја реализираше оперативната акција “Компас“ во којашто е разбиена десетчлена организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности поврзани со изработка на лажни веб страници – фишинг и кражба на податоци од платежни картички и банкарски податоци со цел вршење на нелегални трансакции.
Приведените хакери од Скопје, Прилеп и Штип оштетиле странски државјани за 95.609 долари и 99.000 евра.