Во Малта, малата европска земја за која во јуни се воведува директна авионска линија од Белград, се наоѓа едно место за кое вие никогаш веројатно нема да помислите дека се крие домот на познатиот јунак – морнарот Попај.
Познат како „Слаткорајско село“, тоа е идеално место за одмор и претставува главна туристичка атракција. Тематско селото по популарниот цртан јунак го користат продукциите „Paramaunt pictures“ и „Volt Dizni“, за снимање на филмот за Попај во 1980-те година
Покрај тоа што во него можете да го сретнете и најпознатиот љубител на спанаќ во светот на популарната култура, тука е и Оливија и останатите ликови, а можете да тргенете и во лудо возење со тобоган, да ги посетите игралиштата, куклените театри и кината.
Селото, исто така, има мини голф и бесплатно вино за возрасни. Веројатно се дели и спанаќ, но ваквата информација не е сигурна.
На локацијата, која во 1979 година ја изградиле 165 работници за седум месеци, постојат 19 вистински дрвени градевини, изградени од дрва од Канада и Холандија, поради тоа што Малта нема своја шума. Уште еден интересен податок е тоа што за негова изградба биле искористени осум тони шајки и 7570 литри боја, се за да изледа како од цртаните филмови од 20-те години од минатиот век, од кога и стрипот потекнува.