Колабираше автопат во сојузната американска држава Атланта, откако претходно, беше зафатен со голем пожар, соопштија властите.
Градоначалникот на Атланта, Касим Рид изјави дека колапсот на автопатот не се должи на терористички напад.
-Зборувавме со агент на ФБИ, кој ни кажа дека нема докази за тероризам, истакна Рид.
Тој одби да шпекулира за причината за колапсот, додавајќи дека истрагата е во тек.
Во инцидентот нема загинати.
Според градоначалникот, додека не се реконструира автопатот, во Атланта би можело да има кризи во транспортот.