Стиви Бил од Охајо, во 2006-тата година доживеала страшна сообраќајна несреќа, од што останала парализирана од половината надоле.
До несреќата дошло кога еден од нејзините пријатели што се возел во автомобилот, фрлил шише со вода на ветробранското стакло на автомобилот кој се движел позади нив.
Таа негова постапка многу го разлутила другиот возач, па почнал да ги брка.
Во еден момент, пријателот на Стиви загубил контрола врз возилото и се удриле во едно дрво. Тој починал на самото место, а Стиви била сериозно повредена.
Тогаш имала 17 години, а се заколнала дека ако некогаш се мажи, патот до олтарот самата ќе го изоди.
Седум години после несреќата, младата девојка го изодела патот до олтарот со помош на патерици.
„Скоро заплакав кога ја гледав како ја остварува својата цел“, рекол нејзиниот сопруг, Џеред Ван Осдел (32).