Пат во Франција кој поврзува две места е специфичен по тоа што два пати во текот на денот исчезнува под вода.
По овој пат може да се возите само пред тој да биде потопен на неколку часа.
Пасаж ди Гуае за прв пат се појавил во 1701 година, а околу 1840 почнал да се користи за транспорт и превоз меѓу копното и островот Ноармутијер.
Денес е долг 4,15 километри, а бидејќи е опасен од двете страни на патот се наоѓаат специјални панели кои на патниците им покажуват дали е прооден или не.