Хрватскиот стратег Лино Червар често е критикуван зошто не зборува македонски јазик, иако долго време работи во нашата земја.
Но, сепак, тој на денешниот меч на СП против Тунис покажа дека има емоции кон нашата земја – Червар стоеше гордо на македонската химна и ја пееше во глас со нашите ракометари.
Многумина се сомневаа во неговата тактика и избор на ракометари, но денес Хрватот докажа зошто е еден од најголемите ракометни стручњаци на сите времиња.
Видео: Гол.мк