ВИДЕО: Педофил во судница го напаѓа обвинителот со нож во глава


Џошуа Хардинг (35) за време на судењето за полов напад врз девојче го нападнал обвинителот.

Во инцидентот кој се случил во Мичиген обвинителот бил нападнат од педофилот со импровизиран нож, кој Хардинг се обидел да го забие во неговата глава. Ножот го криел во ракав.pedofil-napaga-640x384

За среќа, човекот во последен момент успеа да се тргне настрана и напаѓачот го промаши, по што полицајците го турнаа на подот, каде по неколку минути конечно успеаја да го совладаат.

Хардинг на гробишта сексуално злоупотребил 10-годишно девојче. Неодамна беше осуден за напад врз девојчето поради што му е изречена казна затвор во времетраење од 19 до 38 години.

Поради нападот врз обвинителот кој се случил на почетокот од август годинава, Хардинг не присуствувал во судницата, туку бил сместен во посебна просторија надвор од неа.

Поради нападот, бил дополнително осуден и за тероризам и обид за убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1