Во повеќе области во Кина има високо загадување, а Пекинг е под црвен аларм – највисок од четирите вида тревоги што се однесува за смогот.
Истовремено во Пекинг прогласена е жолта тревога поради магла.
Останати подрачја, особено во северна Кина се под црвено предупредување и поради магла и поради смогот.
Медиумите објавуваат снимки на кој се гледа дека смогот буквално го има прекриено главниот град до тој степен да се гледааат само врвовите на повисоките згради.
Високото ниво на загаденост трае веќе со недели, што доведе до откажување на летови и воведување на забрана за сообраќај.