Александар Тарабунов конечно нè израдува со нова песна.
Станува збор за темата насловена „Дал има “, чии комплетен автор е Тарабунов (музика и текст), аранжманот е дело на Дамјан Лазаров, мастериг на Иван Јованов во продукција на „Горила“.
Песната е претставена заедно со видео запис во изработка на „Горила Филмс“. Во спотот се појавува и познатата ракометарка Викторија Пеовска од Куманово, која одлично се снајде во улогата.
Песната и видео записот се поддржани со законот за субвенционирани композиции на Министерство за култура и Македонска радио и телевизија.