Белорускиот полицаец Сергеј Баталко стана вистински херој кога со своето тело го заштити детето кое за малку ќе го удрело автомовил на пешачкиот премин во градот Витебск.
Сето тоа е снимено со камера од друг автомобил каде што се гледа моментот како детето и полицаецот преминуваат улица, а потоа изненадно поминува автомобил.
Благодарение на брзата реакција на полицаецот избегната е трагедија. Тој се здобил со повреди, додека детето немало ниедна.
Управувачот на автомобилот (56) ја изгубил контролата над автомобилот и може да биде соочен со казна од 300 долари и одземање на возачката дозвола 2 години.