На интернет се појави видео снимка на која се гледа како еден од полицајците чувар на банка во египетскиот град Асјуту, спасува дете кое штотуку паднало од третиот кат од околна зграда.
Кога го забележаа детето, полицајците сакаа да го рашират платното за спасување, но за тоа немаше време. Еден од нив само ги испружи рацете и го фати детето.
Момчето е неповредено, а полицаецот херој се здобил со полесни повреди.