ВИДЕО: Полицијата ја истражува експлозијата во Тетово, нема никаква штета


Две експлозии се чуле вечерва во близина на полициските станици во Куманово и во Тетово. Според неофицијални информации, објавени на порталите на албански јазик, врз двете полициски станици се фрлени рачни бомби “кашикари“.bomba1

Дали станува збор за координиран напад и кој стои зад него засега не е познато. Од МВР потврдуваат дека во близина на станиците се чуле детонации но демантираат дека тие биле мета на нападот.

– Слушнати се детонации во близина. Не е регистрирана никаква штета. Додека не заврши увидот не можам да дадам никакви дополнителни информации, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Според кумановските медиуми, рачната бомба била поставена во шахта во близина на основното училиште “11 Октомври“ но таа информација сеуште не е потврдена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1