Видео: Полицијата застрела маж среде бел ден на Тајм Сквер


Полициска потера како на филм среде бел ден, уплашени туристи – Маж со касапски нож во рака направи вистинска драма на најфреквентниот дел во Њујорк, Тајм Сквер.

Мажот кој со ножот се заканувал дека ќе коле минувачи бил застрелан во 15 часот откако одбил да го фрли ножот. Убиен е на седмата авенија

51-годишниот осомничен, е идентификуван како Дариус Кенеди. 7 блокови и бегаше на полицијата.
“Тој изгледаше како да беше луд”, изјавил Јалох Осман, 26, кои бил дел од толпата случајни минувачи.

Кенеди почина во болницата Белви околу 40 минути по пукотницата, портпаролот на NYPD Пол Браун, изјавил дека дури ни 6 прскања со пепер спреј не успеале да го успорат момчето и полицијата морала да стрела во него.

“Тоа беше страшно”, изјави портир од околна зграда. “Луѓето трчаа насекаде, беа во паника, влегуваа во зградата – тој се закануваше дека ќе заколе секого кој ќе му се најде на патот.,,

Кенеди беше застрелан најмалку пет пати.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1