Инсектите се познати преносители на ретки и тешки болести, а она најтешкото е што ова заболување најчесто не може да се открие на време.
Корин Литл Вилијамс (54) имала среќа што денеска воопшто е жива, пишува Дејли Мејл.
Минатата есен почувствувала малаксаност, а потоа нејзините гласовни жици почнале да откажуваат. Прво само и чкрипел гласот, а потоа речиси останала без него.
Мислев дека сум настинала или дека ме фаќа грип, но дефинитивно не ми падна на памет да ме прогноува нешто од пред девет години“, вели Корин.
Кога на Божиќ почна да се дави од храна и да се гуши, итно беше примена во болница, каде и беше констатирана критична отеченост на хранопровод, со назнака дека ќе се прошири и на носните канали.
Сместена е на одделението на оториноларинглогија (ОРЛ) во локалната болница во Девон, каде и било констатирано дека речиси останала без гласните жици.
Прво се сомневала во карцином, што ја скршила целата фамилија.
„Веќе имало толку смртни случаи од рак во семејството и на нас ни изгледаше логично да и јас патам од таква опасна болест“, објаснила Корин.
Сепак деталните анализи покажале дека не се работи за рак на грлото. Установиле дека боледува од кожна лајшманијаа. Оваа болест е исклучително ретка, а се пренесува преку песочните мушички.
Корин веднаш е префрлена во болницата за тропски болести во Лондон.
„Бев во паника. Прво никогаш не сум слушнала за оваа болест. Второ поим немав како сум ја добила“, објаснува несреќната жена.
После долго размислување, Корин се сетила дека на летувањето во Грчка во 2007 година ја каснал комарец за ногата и дека отокот и бил страшен. Се обратила на локалната медицинска служба која и дала лек против алергија и отокот и се намалил.
Сватила дека тоа веројатно не бил комарец туку песочна мушичка и дека мора тоа да им го соопшти на докторите.
„Ми рекоа дека ќе се обидат да го уништат паразитот, кој ми го донесе грозна мува, но дека тој веќе се размножил во мојата кожа. Ме предупредија дека постои шанса да лековите не помагаат и дека шест месеци е најдолгиот период кој ќе ми го дадат, ако работата не се закомпликува“, се сеќава стравот кој го почувствувала за време на прогнозата.
Кортни сеуште се бори, но нејзината надеж е малку поголема, затоа што гласот постепено се враќа. Сепак докторите и понатаму не сакаат да и дадат позитивни прогнзои.