(ВИДЕО) Предозирана мајка лежи во супермаркетот, додека 2 годишната ќерка се обидува да ја оживее


Светот е шокиран од снимката која брзо се прошири низ социјалните мрежи, а на неа се гледа како предозирана жена лежи на подот од супермаркетот, додека нејзината двегодишна ќерка се обидела да ја разбуди.

Уште еден доказ за наркоманскиот ужас стигна вчера од градот Лоренс во државата Масачусетс, пренесува јутарни.хр.narkomanka-e1474539703930-620x350

Непознатиот маж го снимил видеото во супермаркетот на кој јасно се гледа како предозирана жена лежи сред продавницата покрај својата ќерка.

Немилата сцена се случила на одделот со играчки, а детето плачело додеа се обидувало да ја врати мајката во живот.

Првата помош брзо стигнала во супермаркетот, а минувачите потврдија дека во торбата и е пронајден хероин.

Полицијата за FOX25 потврди дека ќе поднесе пријава против занемарување на детето, а истото во моментот се наоѓа под заштита на социјалните служби.

Да потсетиме, пред десетина дена Америка ја шокираа фотографиите на предозираниот пар како несвесно лежи во автомобилот, додека малолетното дете седи на задното седиште во автомобилот.

Фотографиите предизвикаа голема бура во јавноста, а полицијата објасни дека објавила како на сите би им ја покажала грозната страна од злоупотребата на наркотикот, особено хероинот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1