(ВИДЕО) Прогласена вонредна состојба во Минхен, се бркаат напаѓачите


Најмалку шест лица се убиени при пукање во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, а градските власти прогласија вонредна состојба.

Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно пукања имало на уште две други локации во градот.raspored
Полицијата потврди дека шест лица се убиени, а повеќе од 10 се ранети како и дека се стравува дека тој број ќе расте.

Полицијата се сомнева дека станува збор за терористички напад, но тоа не е потврдено.
Деталите од инцидентот се уште не се потврдени, освен дека пукотниците започнале пред „Мекдоналдс“ каде вооружен маж трчал низ трговскиот центар и пукал на луѓето по што побегнал во правец на подземната железница.

Акцијата за пронаоѓање на напаѓачите е во тек, а областа околу трговскиот центар е блокирана. Полицијата и понатаму го евакуира трговскиот центар и ги предупреди граѓаните да избегнуваат јавни места.

Полициски извори велат дека според изјавите на сведоците, нападот го направале тројца вооружени мажи, но дека се уште никој не е уапсен.

Полицијата врши голема операција во околната област. Тие објавија кратка порака на Твитер дека луѓето треба да се држат настрана од трговскиот центар и да останат дома.

Работниците во трговскиот центар рекле за Зидојче цајтунг дека не можат да ги напуштат продавниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1