ВИДЕО: Пронајден жив вториот руски пилот – го спасила војската на Асад


Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа откако нивниот борбен авион беше урнат од турски-ловец Ф-16 е спасен откако го пронашла сириската армија, соопшти рускиот амбасадор во Франција.

– Еден од двајцата пилоти бил ранет кога со падобранот почнал да се спушта и убиен е на крајно варварски начин од страна на џихадистите во таа област. Другиот пилот успеал да побегне. Според последните информации спасен е од страна на сириската армија и веќе е на пат кон руската база, изјави амбасадорот Александар Орлов за Европа 1 радио, пренесува БТА.Ruski-avion-oboren-raketom-620x350_thumb_medium500_282

Оваа информација ја објави и либанската телевизија „Ал Мајден Њуз“, која тврди дека сириските сили го обиколиле пилот кога се приземјил, го чувале два часа пред да дојде спасувачкиот хеликоптер и го одвел во руската база Хмејм во Латакија. Спасувачката операција траела околу шест часа.

Кога авионот бил соборен, двајцата пилот се катапултирале од леталото, од кој едниот најпрво бил повреден при спуштањето со падобранот, а потоа на земја бил дивјачки убиен од страна на џихадистите кои се наоѓале во таа област“ – изјави Орлов за радиото „Europe ”.

Вториот пилот успеал да побегне и според најновите информации, сириската војска го спасила и го однела во руската база.

Генералштабот на руската војска синоќа објави дека едниот од пилотите е убиен од автоматско оружје откако авионот бил соборен, додека за другиот пилот нема никакви податоци.

Турција вчера собори руски воен авион на границата со Сирија, бидејќи според турската војска, бил повреден воздушниот простор на Турција, додека руското министерство за одбрана истакнува дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.

Телевизијата ANNA-News објави ексклузивна снимка од спасувањето на рускиот војник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1