Двајца новинари од руската телевизија Russia Today и репортер од агенцијата TASS се повредени, кога нивниot конвој е гранатиран на руско-сириската граница, пренесуваат руските медиуми.
Russia Today наведува дека еден од повредените се здоби со тешки повреди кога проектил експлодирал недалеку од возилото.
Телевизиската екипа поминувала во моментот кога во селото Ал Дагмашлија во провинцијата Латакија, се случувале напади.
Инаку конвојот е погоден со противтенковски проектил исфрлен од областа под контрола на бунтовниците.
Повредените новинари се префрлени во руската воена база во Латакија.