ВИДЕО: Прва македонска видео игра – “Освојувањата на Александар Македонски“


“Освојувањата на Александар Македонски“ е првата македонска авторска видео игра која наскоро ќе заземе место во колекциите на страсните играчи.

video igra makedonija

За престижното место на прв македонски компјутерски јунак,Александар ги победи Крали Марко и Итар Пејо,а креаторите велат дека играта освен забавен има и едукативен карактер.

Играта ќе биде претставена на претстојниот тридневен фестивал “Скопје Креатива“ под покровителство на Град Скопје,каде во Универзална сала скопските креативци ќе создаваат и изложуваат креативни индустриска дела.Реализаторот “Соларис продукција“ најави создавање листа на креативци до крајот на годинава,од која корист ќе имаат и институциите.

Креациите од фестивалот ќе можат да се купат на лице место,заедно со играта “Освојувањата на Александар Македонски“.До нејзиното излегување на пазарот,ќе може да се симне од веб-страницата на “Скопје Креатива“.

Видеото може да го погледнете на Sitel.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1