Двајца полицајци и уште најмалку едно лице се здобија со повреди во пукотница што се случи во Копенхаген. Вооружениот напаѓач е уапсен.
Пукотниците се случиле во населбата „Кристијанија“, што е самопрокламирана како христијанска. Еден полицаец е повреден во пределот на ногата, додека другиот се здобил со повреди на главата, потврди полицијата.
Очевидците тврдат дека слушнале вкупно девет истрели, а полицијата ги предупреди граѓаните да не се движат во близина на местото на злосторството.