Американскиот центар за контрола на болести и превенција објави серија на видео клипови кои повикуваат на откажување од пушењето цигари.
Ефективни и емоционални, во овие кратки реклами може да се чујат сведоштва на поранешни пушачи кои својата лоша навика скапо ја платиле.
Станува збор за серија на болести, од дупка во грлото до рак на белите дробови.
Вознемирувачки видеа:
Aманда (30) не се откажа од пушењето ни за време на бременоста. Нејзиното бебе е родено од два месеца порано.
Брет (49) започнал со пушење на само 16 години. До 42 години веќе немал заби поради заболување на непцата.
Роуз (59) ги опишува застрашувачките болки кои ги трпи поради ракот на белите дробови.
Шон (50) е пушач од 14 години. Тој доби рак на белите дробови, а сега зборува и дише низ дупка во вратот.
Тери (53) почина од рак на белите дробови кој го доби поради пушењето.