ВИДЕО: Ракетни фрлачи, бомби и пушки пронајдени на патот кон Косово


Припадници на Министерството за внатрешни работи денес во атарот на селото Блаце, во близина на регионалниот пат кон Косово во канал покрај земјен пат пронашле арсенал оружје

-Пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141  куршум калибар 7,62 мм, информираат од МВР.

На местото на настанот извршен е увид и пронајдените предмети се подигнати, по што истите ќе бидат предадени на Одделот за криминалистичко технички  иситувања и вештачења при МВР заради изготвување на вештачење.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1