Руски портал направил реконструкција на масакрот кој се случил во Ница.Напаѓачот, со потекло од Тунис, кој вчера со камион минал преку масата насобрани луѓе по повод Денот на падот на Бастиља во Ница, убил најмалку 84 луѓе, меѓу нив десеттина деца, а ранил повеќе од 175, од кои најмалку 50 се борат за живот.
Францускиот претседател Франсоа Оланд овој напад, кој го осудил целиот свет, го окарактеризирал како “страшен чин на тероризам”.