ВИДЕО: Руски џихадист до Путин: Твоите синови ќе се вратат мртви од Сирија


Рускиот џихадист Ебу Убаид ал-Мадани упатил неколку закани до рускиот претседател Владимир Путин и ветил дека Русија ќе испадне како губитник во наредниот поход!

Тој го опоменал Путин и му се заканил дека ќе дојде до крвави и насилни немири во кои неговата држава Русија ќе го извлече „подебелиот крај“.GIHADIST-630x315

„Твоите синови ќе се вратат мртви. Дали се спреми да умрат поради твоите хирови Владимир Путин?“ – зборува Ебу Убаид во својата порака.

Џихадистот ја опоменал и руската јавност, која им дава подршка на интервенциите на Кремљ во Сирија минатите две недели.

Рускиот џихадист објаснил дека во сегашната ситуација нападите се слични на оние кои се одвивале во 1979 година, кога Советскиот Сојуз ги нанесе во Авганистан.

Војната траела цела деценија, бројот на жртвите бил огромен, а на крај ништо клучно не се променило, бидејќи во 1988 година руските војници ја напуштиле земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1