Првиот филм кој јавно ги разоткрива сексуалните мистерии на Истокот и Западот и зборува за изворната бела тантра на која не учи Големото Бело Братство кое го сочинуваат Мајстори на мудроста задолжени за духовниот развој на човештвото. Овој филм зборува за тоа дека во древните сексуални мистерии се кријат заеднички корени на христијанството, јудизмот, будизмот и хиндуизмот и дека овие мистерии претставуваат универзална прарелигија на целото човештво од кое никнале сите духовни традиции на светот; за тоа дека овие сексуални мистерии на западот се познати како алхемија која значи исто што и тантра на истокот; за духовниот пат на запознавањето на бог низ сексуалните мистерии на гностичкото христијанство; за езотеријското христијанство или тајното учење за Исус Христос, скриено во симболичките приказни во Библијата; за светоста на бракот и целиот тој чин; разоткрива дека Библијата е книга која зборува за алхемија и дека алхемија не значи претворање на металот во злато туку оловото – его во злато -дух; дека вистинската алхемија всушност претставува трансмутација на сексуалната сила која се постигнува со полов однос; дека Исус имал жена и дека токму со оваа техника на трансмутација постихнал воскреснување на физичкото тело; за причините за падот на човекот и начините како повторно да се врати во Рајот; за начинот за разредување на егото преку техника за „безгрешно зачнување“; за мистеријата на Космичкиот Христос; за невидливата анатомија на човековото тело; причините за страдањето и нивно отстранување по пат на револуција на свеста.
Овде е опишано тајното езотеријско учење кое древните кабалисти и гностици го чувале со векови и кое преку средновековните алхемичари и езотериски редови било пренесено се до денеска. Во него сексуалниот чин претставува најсвет „сакрамент“. Во овој филм многу е јасно објаснета духовната тематика која во „Кодот на Да Винчи“ е многу благо назначена.
Од содржината: Учењето на Исус и Мојсеј; техниката на „безгрешно зачнување; разоткриена мистеријата за Адам и Ева; вистинската причина за падот на човекот Кундалини; вистината за симболиката „забрането овошје“; патот за враќање во Рајот; сексуалност о Библијата; видови на тантра и т.н.
Овој филм претставува ретка прилика да научиме нешто за скриените потенцијали на интимниот однос помеѓу мажите и жените. Во него е разоткриено езотериското учење на кое се темелат сите големи светски религии. Во него е разоткриена мистичната тајна на минатите векови, вистинското срце на сите духовни традиции, изворното Христово учење, и автентичната наука за будење на свеста и ослободување на душата од страдање.