Видео: Семејство од Флорида пронајде потонато богатство


Едно семејство крај бреговите на американската сојузна држава Флорида, пронашо златни украси и монети во вредност од 300 илјади долари. Тоа се случило недалеку од местото каде во 1715 се соочиле со бура и потонале 11 шпански галеони натоварени со злато, враќајќи се од Куба…

Богатствата беа откриени од семејството на градот Сенфорд Рик и Лиза Шмит.

moneti„Рик, Лиза и нивните две деца оддамна го посветиле своето слободно време во пребарувањето на потонато богатство. И ете, конечно среќата им се насмевна”, раскажа Брент Брисбен, сопственик на компанијата која го поседува правото на дел од пронајдените вредности. Ова не е прв наод на семејство Шмит: во 2002 тие извадиле од дното во истиот регион сребрена чинија во вредност од околу 25 илјади долари, потсети Брисбен.

Според законите Флорида го поседува правото на 20% од сите откриени богатства крај бреговите. Дел од пронајдените украси и монети ќе влезат во музејските збирки и ќе бидат изложени, за да можат сите туристи да уживаат во нив. Останатите 80% ќе го поделат компанијата на Брисбен и семејство Шмит.

Според денешните проценки на одборот на потонатиот галеон имало богатства на сума околу 400 милиони долари во денешни пари. Досега се откриени вредности во вредност од 175 милиони долари. Претходното голема откритие беше направено во јули оваа година. Тогаш барателите на богатства извадија од дното 48 златни монети во вредност од околу четвртина милион долари.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1