Нашите најдобри кошаркари ја победија Грција со 77:75 на турнирот во Германија. Во супер интересна завршница издвоивме уште една победа против јужниот сосед.
Антиќ ги постигна клучни 2 поени за водство од 76:75 на 15 секунди до крајот, Грците во последниот напад утнаа преку Спанулис, а веднаш беше направен фаул врз Антиќ во самиот финиш. Нашиот капитен погоди едно од слободните фрлања за победа од 77:75.
Антиќ мечот го заврши со 16 поени, одлични 10 скокови и една асистенција. Владо Илиевски постигна 10 поени и имаше 3 асистенции. Војдан Стојановски постигна 11 поени.
Бо постигна 25 поени, имаше 3 скока и 4 асистенции и со Перо Антиќ кој уфрли 16 поени, имаше 10 скока и една асистенција беа најзаслужни за победата над Грција. Погледнете што има кажал Бо на јужните соседи по крајот на натпреварот!
Video – ZaSe