Шегата на еден американски патник на лет од Филаделфија до Доминиканската Република, предизвика паника меѓу патниците и екипажот, а авионот беше ставен под карантин, поради што излегувањето на патниците од леталото беше одложено за повеќе од еден час, јави Фокс Њуз.
– Јас бев во Африка, извикал еден патник пред авионот да слета во Пунто Кан.
Во првите извештаи на доминиканските медиуми пишуваше дека патникот извикал: „Јас имам ебола“.
Неговиот извик предизвикал паника и кога авионот слетал биле преземени бебзедносни мерки. Во авионот влегле медицинските работници во посебни одела и го одвеле мажот на тастирање, додека тој викал дека само се шегувал.
За време на летот мажот кашлал, но набрзо утврдено е дека нема покачеан температура, што е клучен симптом на ебола во рана фаза.
Во меѓувреме на интернет се појави видео од авионот на кое е прикажано како мажот го изнесуваат од авионот и како вика: „Јас не сум од Африка“.
Пред тоа може да се слушне и како стјурадеса преку разглас ги смирува патниците: „Ова ви го кажувам сосема јасно. Смирете се, затоа што навистина мислам дека човекот е идиот“.