ВИДЕО: Сите детали за киднаперите на Маша- еве каде се движеле и што правеле во Србија


Српската полиција објави видео на кое се поставени сите снимки од безбедносните камери кои го „фатиле“ движењето на француските киднапери, кои минатата недела во Белград ја грабнаа двегодишната Маша од рацете на нејзината мајка и се обидоа да избегаат од Србија.

Киднаперите Себастијан Бранши (46) и Горен Бранши (50), како и нивната ќерка Кристел Еје (26)  влегле во Србија од Романија на 12 март, преку граничниот премин кај Вршац, кога првпат нивното движење било регистрирано на безбедносните камери.snimeni kidnaperi

Оттаму заминале во Панчево, каде што денот го поминале во трговски центар и ручале во ресторанот на „Мекдоналд“. Спиеле на паркинг во нивниот автомобил „бмв“.

Потоа заминуваат во Белград, каде што се возат по улиците, во потрага по соодветно дете. Околу 12 часот заминале во една од белградските населби, каде што ја забележале малата Маша Пренковиќ и ја грабнале директно од рацете на нејзината мајка.

Автомобилот потоа со голема брзина се упатил надвор од Белград, кон наплатната рампа, каде што воопшто не застанале и ја урнале рампата, бидејќи зад нив веќе била полицијата.

Кога сфатиле дека не можат да ѝ избегаат на полициската потера, во близина на излезот за Сремска Митровица, одлучиле да се ослободат од девојчето. Таму полицијата ги уапси.

Како што пренесоа српските медиуми деновиве, причината за грабнувањето на Маша било монструозно. Целта на француските киднапери им била да побараат девојче кое личи на 26-годишната Кристел.

Целта им била во Франција да докажат дека таткото на Кристел не е биолошкиот, а за да го остварат тоа сакале да најдат девојче кое ќе биде на слична возраст и со сличен изглед како тоа на Кристел.

Прво такво девојче барале во Романија, но откако увиделе дека тамошните деца се со потемен тен, се упатиле во Србија, каде што и ја нашле двегодишната Маша. За среќа, нивниот план беше откриен. Се поставува само прашање, што ли ќе правеа со неа, доколку монструозниот план им успееше во Франција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1