Видео: Снимен полицаец како ладнокрвно убива човек


Само еден ден откако полицаецот Џејмс Мудис бил ослободен од обвинение за употреба на прекумерна сила и вратен во активна служба, во јавноста била пуштена видео снимка на која се гледа како овој американски чувар на редот со 11 куршуми од својот службен пиштол го убил Ернесто Дуанез Јуниор (34) пред неговиот двор во предградието.
UbistvoПолицаецот се бранел во текот на истрагата со тоа дека мислел како убиениот во себе има нож, иако фамилијата на Дуанез, велат дека тој бил невооружен и тргнал да се предаде на властите. Тие се одлучни да се изборат со сите законски средства да Мудис биде обвинет за убиство.
Снимката на убиството која е снимена со видео камера од полициското возило, ја прикажал адвокатот Џон Барис, адвокатот на семејството на убиениот.

На неа се покажува како полицаецот испалува 11 куршуми во телото на Дуанез, од кои четири додека истиот лежел на земја.

ubistvo Policajac-ubija-Ernesta-DuanezaВо рок од 4,2 секунди, полицаецот испалува 14 куршуми од кои 11 завршуваат во телото на Дуанез, еден во глава, осум во телото и по два во екстремитетите. Раните во градите и стомакот му биле смртоносни.
Експертите кога ја прегледале снимката велат дека на почетокот навистина изгледа како Дуанез да држи нож во раката, но како истиот потоа паднал на местото каде што бил пронајден, на подот на автомобилот, засега не е познато. Неговата нога се заглавила за појасот на камонот.

Дуанез бил познат член на банда, а во моментот се наоѓал на условна слобода. Од порано било познато дека со себе носел пиштол и нож.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1